Şafak Yel
05 Декември 2018•Ажурирај: 05 Декември 2018
ИЗМИР (АА) - Во морскиот простор на подрачјето Карабурун, во турската област Измир, тимовите на турската Крајбрежна стража спасија 51 непријавен мигрант, коишто се обиделе на илегален начин да преминат во Грција, јавува Anadolu Agency (AA).
Моторот на чамецот во кој се наоѓале мигрантите се расипал, поради што странците биле принудени да побараат помош.
Мигрантите се пренесени на копно, по што се предадени на надлежната Дирекција за управување со миграции во Измир,
Турција е една од главните рути на мигрантите кои се обидуваат да дојдат до европските земји. Миграциите се интензивирани по почетокот на војната во Сирија.
Станува збор во најголем дел за државјани на Авганистан, Пакистан, Сирија и Ирак.