Faruk Zorlu
05 Декември 2018•Ажурирај: 06 Декември 2018
БРИСЕЛ (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, денес изјави дека Турција нема да се двоуми да започне меѓународна истрага доколку истрагата влезе во ќорсокак, јавува Anadolu Agency (AA).
Зборувајќи за новинарите по состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел, Чавушоглу изјави дека истрагата за убиството на саудискиот новинар е во тек.
Џамал Кашоги, саудиски новинар и колумнист во американскиот весник „Вашингтон пост“ (The Washington Post), исчезна по влегувањето во саудискиот Конзулат во Истанбул на 2 октомври.
Саудиските власти неколкупати го променија својот исказ за убиството, прво негирајќи дека се случило, потоа истакнаа дека тоа било несреќна околност, за на крајот да го наречат подла операција.
Реагирајќи на неодамнешните забелешки на американскиот специјален пратеник за Сирија, кој ги нарече мировните преговори со Астана неуспешни, Чавушоглу рече дека таквата изјава била неповолна.
Тој рече дека американскиот претставник за Сирија, Џејмс Џефри, ќе патува за Турција за состанокот на работната група на високо ниво за Сирија и дека тоа прашање, исто така, ќе биде поставено и на состанокот.
Чавушоглу, исто така, нагласи дека американскиот претседател, Доналд Трамп, на состанокот со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, за време на Самитот Г20 минатата недела, сам го започнал прашањето за борбените авиони „Ф-35“. „Ние не сакаме никаков проблем“, додаде тој.