Yıldız Aktaş
19 Април 2020•Ажурирај: 20 Април 2020
АНКАРА (АА) - Бројот на излекувани лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Турција се искачи на 11.976 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според ажурираните податоци од табелата за дневниот биланс во врска со коронавирусот во Турција која е објавена на интернет страницата на Министерството за здравство на Турција, денес се извршени 35.344 тестирања за Ковид-19, од кои 3.977 лица сe позитивни на овој вирус.
Според тоа, во последните 24 часа починаа уште 127 лица како последица на оваа пандемија, додека уште 1.523 лица се излекувани и отпуштени од болница.
Во Турција се извршени вкупно 634.277 тестирања, откриени се вкупно 86.306 случаи, додека починаа вкупно 2.017 лица поради Ковид-19.
Се нагласува дека 1.922 лица се наоѓаат на интензивна нега, бројот на интубирани пациенти изнесува 1.031, додека вкупно излекувани се 11.976 лица.
Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, на својот Твитер профил ги објави ажурираните податоци за билансот во врска со Ковид-19 во Турција.
„Имајте доверба во моќта на нашиот здравствен систем и во нашата здравствена армија. Почитувајте ги мерките“, напиша Коџа.