Selahattin Erol
19 Април 2020•Ажурирај: 20 Април 2020
МАРДИН (AA) - Полицијата во турскиот град Мардин во овие денови на пандемијата на коронавирусот (Ковид-19), приреди пријатно изненадување, по повод роденденот на дете болно од хронична болест, јавува Агенција Анадолија (АА).
Имено, членовите на семејството на шестогодишниот Мухамед Мирза Белек, со оглед дека не можат да излегуваат надвор од домот, ја повикаа полицијата за да им помогнат да купат нешто за својот син кој слави роденден.
Полицијата во тој град, дознавајќи дека детето слави роденден одлучи да го израдува со торта.
Набргу ја пронајдоа куќната адреса на семејството Белек и заѕвонија на вратата и детето, кое не знаеше шт го чека пред вратите, го израдуваа со торта и играчки.
Детето било видно изнендено и пресреќно со роденденските подароци, а полицијата ја искористи можноста малку да поразговараат со семејството и детето и да му посакаат многу среќа и здравје во животот.