İsmet Karakaş
28 Октомври 2020•Ажурирај: 29 Октомври 2020
АНКАРА
Турското Обвинителство покрена истрага против одговорните лица во француското списание „Шарли Ебдо" (Charlie Hebdo) поради објавување навредливи содржини за турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Обвинителството во Анкара се наведува дека службена истрага е покрената во согласност со Казнениот закон на Турција и дека француското списание се обвинува за навреда на претседателот на Република Турција.