Турција

Турско МНР: „Ја осудуваме одлуката на Грција да затвори 12 основни училишта на турското малцинство во Западна Тракија“

Турско МНР: „Ја осудуваме одлуката на Грција да затвори 12 основни училишта на турското малцинство во Западна Тракија, под изговор на мерките за штедење и недоволен број ученици“

Fuat Kabakcı  | 02.08.2021 - Обновена : 05.08.2021
Турско МНР: „Ја осудуваме одлуката на Грција да затвори 12 основни училишта на турското малцинство во Западна Тракија“

АНКАРА

АНКАРА (АА) - Министерството за надворешни работи на Турција соопшти дека ја осудува одлуката на Грција за затворање на уште 12 основни училишта што му припаѓаат на турското малцинство во Западна Тракија, наведувајќи ги како изговор мерките за штедење и недоволниот број ученици, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во писменото соопштение од Министерството се наведува дека со оваа најнова одлука, повеќе од половина од малцинските основни училишта се затворени и нивниот број е намален на 103.

Исто така, се нагласува дека со оваа одлука се потврдува дека политиката на Грција да ги затвори основните училишта што му припаѓаат на турското малцинство во Западна Тракија преку „привремена суспензија“ станала систематска.

„Ја осудуваме одлуката на Грција да затвори уште 12 основни училишта што му припаѓаат на турското малцинство во Западна Тракија, наведувајќи ги мерките за штедење и недоволниот број ученици како изговор“, се потенцира во изјавата и се додава дека со последната законска регулатива во врска со училиштата во оваа земја се прави дискриминација.

Исто така, се додава дека одлуките во областа на образованието ги кршат одредбите на мировниот договор во Лозана и дека се одраз на политиките на асимилација и угнетување врз Турците во Западна Тракија со децении.

Меѓу другото, во соопштението се наведува дека Грција од една страна ги затвора основните училишта под изговор дека има недостаток на ученици, а од друга страна ги игнорира барањата за отворање ново малцинско средно училиште/гимназија и покрај потребата од тоа.

„А со тоа под различни изговори се прекршуваат правата на образование на малцинските деца. Ја покануваме Грција да стави крај на нејзината дискриминаторска политика кон малцинските училишта, што се гледа и во најновите законски прописи. Меѓународната заедница, Европската Унија и Советот на Европа повеќе не треба да бидат гледачи на систематското кршење на човековите права во земја која е членка во тие организации. Турција ќе продолжи да ја поддржува борбата на малцинството за нивните права, како во билатералните контакти, така и во меѓународните платформи“, се потенцира во соопштението на турското МНР.

Во текот на денот, грчкото Министерство за образование одлучи да затвори 12 малцински училишта, наведувајќи го како изговор недоволниот број ученици во Западна Тракија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın