Muhammed Boztepe
02 Август 2021•Ажурирај: 03 Август 2021
АНКАРА
Фахретин Алтун, шефот на Одделот за комуникации при турското Претседателство, објави дека 122 од 129 пожари во 35 области во земјата се ставени под контрола, известува Агенција Анадолија (АА).
Во објавата што ја постави на својот профил на социјалните мрежи, Алтун изјави дека борбата против шумските пожари што ја зафатија Турција продолжува со мобилизирање на сите средства на државата.
Информирајќи дека „122 од 129 пожари во 35 области се ставени под контрола“, Алтун продолжи со зборовите:
„Секоја добронамерна помош и придонес се услов за нашето национално единство. Меѓутоа, почнувајќи од вечерва, започната е наводна кампања за помош организирана од странство и водена од еден центар, чии идеолошки мотиви имаат за цел да ја прикажат нашата држава како неспособна и да се ослаби единството држава - нацијата. Нашата Турција е силна. Нашата држава е исправена на нозе. Како што рече нашиот претседател, освен животите на загинатите, ќе ги надоместиме сите загуби и ќе го изгаснеме овој оган што ни ја гори душата. Во моментов, повеќето информации што се шират на платформите за социјална комуникација, групи за инстант-пораки и форуми се лажни вести. Дури и во случај на природна катастрофа како што е оваа денес, не дозволувајте да паднеме во стапицата на оние што ги шират ваквите лаги. Ве молиме, потпирајте се на изјавите на официјалните власти.“