Cankut Taşdan
01 Август 2021•Ажурирај: 03 Август 2021
АНКАРА
Безбедносните сили на Турција неутрализираа 7 терористи на ПКК во антитерористичката операција „Канџа“ во северен Ирак, известува Агенција Анадолија (АА).
„Турските вооружени сили продолжуваат да ги неутрализираат терористите на ПКК во нивните скривалишта. Неутрализирани се 7 терористи на ПКК во зоната на операцијата „Канџа“ во северен Ирак“, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана на Турција.
Припадниците на терористичката организација ПКК често се сокриваат на територијата на северен Ирак, од каде што ги планираат нападите врз територијата на Турција.
ПКК е сепаратистичка организација што се наоѓа на листата на терористички групи во Турција, ЕУ и САД. Во текот на повеќедецениската кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.