Zuhal Demirci
02 Јануари 2021•Ажурирај: 02 Јануари 2021
АНКАРА
Министерството за надворешни работи на Турција соопшти дека во терористичкиот напад извршен изутрина во Сомалија загинале 4 лица, меѓу кои и еден турски државјанин, и дека остро го осудуваат овој напад во кој цел биле вработените на турска компанија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение на ова министерство се нагласува дека изутрина со возило-бомба бил извршен терористички напад врз вработените на турска компанија во Сомалија.
Во соопштението се вели дека со жалост дознале дека во овој напад загинале 4 лица, меѓу кои и еден турски државјанин.
„Одблизу се следи здравствената состојба на четворица наши државјани, што се повредени во овој случај. Остро го осудуваме овој ужасен напад, чија цел се вработените на турска компанија, која ја врши изградбата на патот помеѓу Могадишу и Афгоје и дава придонес во развојот и благосостојбата на Сомалија. На повредените им посакуваме брзо заздравување. Уште еднаш истакнуваме дека стоиме покрај братската и пријателска Влада на Сомалија, како и покрај сомалискиот народ“, се додава во ова соопштение.