Sena Güler
23 Декември 2020•Ажурирај: 23 Декември 2020
БАЛИКЕСИР (АА) - Најмалку 12 лица се приведени поради поврзаност со терористичката организација ПКК во операција во северозападна Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Обвинителите во турската област Баликесир издадоа налози за приведување на 15 осомничени лица поради комуницирање со припадници на терористичката организација и инфилтрирање во затворите, како и за финансиско помагање на осудените или притворените припадници на терористичка организација, истакна безбедносен извор под услов на анонимност.
Жандармериските тимови во областа ја започнаа операцијата раководена од Баликесир којашто се прошири во Бурса, Истанбул и Измир, што доведе до приведување на 12 лица, изјави изворот.
Запленети се многу документи на организацијата на адресите на осомничените.
Операцијата и понатаму трае со цел пронаоѓање на останатите тројца осомничени.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.