Ergün Haktanıyan
23 Декември 2020•Ажурирај: 25 Декември 2020
КАЈСЕРИ (АА) - ЕРГУН ХАКТАНИЈАН -
Планината Ерџијес во Турција, еден од најважните центри за зимски спортови, го привлекува вниманието и на домашните и на странските гости.
Со мастер-планот на Општината Кајсери, ски-центарот Ерџијес стана еден од најпопуларните скијачки центри во Турција. Центарот нуди услуги по меѓународни стандарди за домашните и странските туристи.

Во изјавата за Агенција Анадолија (АА), директорот на компанијата „Ерџијес АШ“, Мурат Џахид Џинги, рече дека привилегија е новогодишната ноќ да се помине во Ерџијес.
Потсетувајќи дека остануваат уште неколку дена до Новата година, Мурат Џахид Џинги рече дека како резултат на преговорите направени со различни земји, операторите склучиле договори со хотелите за да им донесат туристи со чартер летови.
Наведувајќи дека првиот чартер лет е изведен од Украина, Џинги рече дека гостите веќе се скијаат по падините.

„Во текот на неделата ќе дојдат туристи од Русија и Полска. За Нова година во Кајсери ќе имаме околу 3-4 илјади гости. Стапката на искористеност на нашите хотели за Нова година е доста висока. Речиси достигнавме до 100 отсто стапка на зафатеност“, нагласи директорот Џинги.
Тој, исто така, рече дека ќе бидат домаќини на домашните и странските љубители на скијањето во преубавата, единствена атмосфера на Ерџијес во текот на целата сезона.
Џинги истакна дека новогодишната ноќ е важна за странските туристи и дека во сите хотели ќе бидат преземени мерките против коронавирусот.
„Општо, нема да има организација каде што луѓето ќе може да се доближуваат еден до друг“, рече Џинги, додавајќи дека и спортските активности ќе се реализираат во согласност со правилата за социјална дистанца.