Büşra Nur Çakmak
19 Мај 2021•Ажурирај: 21 Мај 2021
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили денес неутрализираа најмалку тројца терористи на ПКК во северен Ирак, соопшти турското Министерство за национална одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од Министерството на својот официјален профил на Твитер се вели дека терористите биле неутрализирани за време на антитерористичката операција „Канџа-Гром“, која беше започната на 23 април.
„Вкупно 116 терористи се неутрализирани во операцијата до сега“, се соопштува од Министерството.
Турција ги започна операциите „Канџа-Молња“ и „Канџа-Гром“ на 23 април во северните ирачки региони Метина и Авашин-Басјан во близина на своите граници.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.