АНКАРА
Турција ќе продолжи да го крева својот глас против насилството и прогоните на невините луѓе, порача турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Во Палестина, пред очите на сите, со најсовремено тешко вооружување се убиваат стотици невини луѓе, повеќето деца и жени. Во Кудс, во Газа не се само децата оние кои умираат, таму умира човештвото и хуманоста", рече Ердоган во обраќањето по повод одбележувањето на 19 мај, Денот на сеќавањето на Ататурк и празникот на млади и спорт во Турција.
„Велат 'Ердоган не би требало така да зборува.'. А што требаше? Да молчам? Ние на неправда, на зулум не молчиме,најгласни сме против тоаA", додаде Ердоган.
Како што рече, многумина сепак само немо го следат насилството, злосторствата и тиранијата над Палестина.
„Меѓународните организации и држави кои говорат за демократијата, човекови права, правдата, слободите и безбедноста, немо ја следат оваа тиранија", рече турскиот претседател и додаде дека не е секогаш правило посилниот секогаш да е во право.
„Турција е за воспоставување свет во кој веруваме дека оној кој е во право секогаш ќе биде посилен", рече Ердоган.
Порача исто така дека Турција не може само немо да ги слуша критиките на недолжните Палестинци кои се изложени на бруталните израелски напади.
„Ако денес ги премолчиме нападите на Кудс, знаеме дека утре ќе дојде редот и на другите наши свети градови. Оние кои ќе ги затнат ушите пред криците на недолжните поради израелската тиранија, всушност подготвуваат тло за сопствена катастрофа", рече Ердоган.
„Омразата, судирите и насилството се случуваат во повеќе места на кои нашите предци мирно живееле во правда и безбедност", додаде Ердоган, мислејќи на повеќевековниот мирен период во текот на османлиското управување со подрачјето на денешен Израел и окупираните палестински територии.
„Ако мора да се плати цената за да се спротивставиме на насилството и прогонот на невините и да се заштитат угнетените, никогаш нема да се колебаме да ја платиме", рече Ердоган.
Израел од 10 мај од воздух и копно врши напади на Појасот Газа. И покај реакциите од светот, Израел продолжи со жестоките напади на Газа во која живеат околу два милиони жители. Најмалу 221 Палестинец е убиен во тие напади, вклучувајќи 63 деца и 36 жени, а 1.530 лица се ранети.
На крајот, Ердоган потсети дека Турција во изминатите две децении остварила голем напредок на сите полиња.
„Благодарејќи на опкружувањето на стабилноста и безбедноста во последните 19 години, нашата држава доби можност за остварување свој реален потенцијал на сите полиња", истакна претседателот на Турција.