Durmuş Genç
19 Мај 2021•Ажурирај: 21 Мај 2021
МУГЛА (AA)
- Дурмуш ГЕНЧ
Каналот Далјан, во местото Ортаџа во турската област Мугла, кој е познат по својата природна убавина, и во кој секоја година илјадници туристи патуваат со чамци меѓу трските, се очекува да биде омилен меѓу туристите и оваа година.
Туристичките чамци што се користеа во патувањата низ Далјанскиот Канал, кој е прикажан како еден од најдобро заштитените отворени области во Европа и кој секоја година во просек е домаќин на 1 милион туристи, на бродоградилиштето беа добро одржувани спуштени во вода.
Туристите меѓу трските во каналот налик на лавиринт уживаат во едно несекојдневно патување.
Ова подрачје со богата античка историја, како што е градот Каунос, нуди незаборавна можност за одмор со својата слатка и солена вода и прекрасните плажи.
- Заминуваат на пријатно патување
Али Муршит Јагмур, претседател на Здружението на хотелиери и туристички работници на Далјан, за Агенција Анадолија (АА) изјави дека сите подготовки во регионот се завршени.

Истакнувајќи дека регионот генерално се смета за безбеден благодарение на големиот број хотели и хостели, Јашмур го истакна следното:
„Во наредните денови во Далјан ќе започнеме да им бидеме домаќини на туристи од Русија и Украина. Покрај тоа, ќе спроведеме промотивни активности, презентирајќи им го на странските туристички работници целиот регион. Ги презедовме сите превентивни мерки за да имаме добра сезона. Ги чекаме гостите. Ова е едно од местата што ги посетуваат туристите. Трската што наликува на лавиринт го привлекува вниманието. Сите посетители одат на патување со брод по каналот Далјан, уживајќи во глетката на трските во каналот, плажата, разните видови птици и историските места во регионот. Имаат пријатна прошетка.“
- „Ќе имаат незаборавен одмор“
Озај Акдоган, кој околу 32 години е туристички оператор во Далјан, изјави дека целото одржување, проверка и подготовка на чамците е завршена и дека тие се симнати во водите на каналот.
Посочувајќи дека речиси 500 чамци му стојат на располагање на туризмот во Далјанскиот Канал и дека се преземени сите мерки во врска со епидемијата, Акдоган продолжи со зборовите „Спремни сме за сезоната, завршени се сите наши подготовки. Во наредните денови ќе започнеме да ги пречекуваме нашите гости.“
Зборувајќи дека оваа година очекуваат поголема посетеност, Акдоган рече:
„Нашата цел е на најдобар начин да ги пречекаме нашите гости кои доаѓаат во Далјан и да си заминат со желба во следните години повторно да нѐ посетат. Нашите гости ќе ги посетат плажата Изтузу што се наоѓа околу каналот, загрозените главати желки (caretta carettas), бањите со кал и ќе доживеат еден незаборавен одмор.“