Турција

Турските сили неутрализираа двајца терористи во југоисточна Турција

Од канцеларијата на гувернерот на областа се истакнува дека жандармериските сили спровеле антитерористичка операција во руралното подрачје на Лиџе

Sibel Uğurlu  | 23.09.2018 - Обновена : 23.09.2018
Турските сили неутрализираа двајца терористи во југоисточна Турција

Diyarbakir

ДИЈАРБАКИР (АА) - Турските безбедносни сили неутрализираа двајца терористи на ПКК во југоисточната турска област Дијарбакир, јавува Anadolu Agency (AA).

Од канцеларијата на гувернерот на областа се истакнува дека жандармериските сили спровеле антитерористичка операција во руралното подрачје на Лиџе.

Безбедносните сили, исто така заплениле одредено количество оружје и муниција.

Од канцеларијата на гувернерот додаваат дека антитерористичките операции во регионот се во тек.

Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата на теорористички организации на Турција, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın