Mümin Altaş
14 Август 2022•Ажурирај: 15 Август 2022
Турската национална разузнавачка служба МИТ неутрализира шест терористи на терористичката организација ПКК/КЏК во северниот дел на Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од безбедносни извори, МИТ реализираше операција во подрачјата на Хакурк и Метина, што се наоѓаат во северниот дел на Ирак.
Се истакнува дека во рамки на операциите се неутрализирани 6 терористи на терористичката организација ПКК/КЏК.
Според соопштеното, двајца од овие терористи се неутрализирани во Метина, додека останатите четворица во Хакурк.