Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
17 Април 2020•Ажурирај: 17 Април 2020
АНКАРА
Турските безбедносни сили неутрализираа четири терористи на ЈПГ/ПКК во северниот дел на Сирија, во близина на јужната граница со Турција, се соопштува од Министерството за одбрана, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Обидот на терористичката организација да се инфилтрира во зоната на операцијата „Извор на мирот“, со цел да го наруши мирот и безбедноста во околината, беше спречен од нашите командоси херои. Четири терористи на ЈПГ/ПКК се неутрализирани во успешната операција, пред тие да успеат да ги извршат своите цели“, се соопштува од Министерството на Твитер.
Од 2016 година, Турција изврши четири успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање на терористички коридор: операцијата „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018), „Извор на мирот“ (2019 година) и „Пролетен штит“ (2020).
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и Европската Унија, одговорна е за смртта на 40.000 луѓе, меѓу кои има и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.