Burak Dağ
17 Април 2020•Ажурирај: 18 Април 2020
КОЊА
Во турскиот град Коња се планира проект за хранење на бездомните животни, така што ќе се собираат остатоците од храната во градот и ќе се претвораат во храна за животни, со користење модерни техники на преработка, јавува Агенција Анадолија (АА).
Градоначалникот на Коња, Угур Ибрахим Алтај, изјави дека изработиле многу пилот-проекти за животните скитници, а дека собирањето на остатоците од храната и претворањето во храна за животни ќе биде проект за пример во светот.
„Остатоците од храната имаат голема хранлива вредност за животните. За бездомните животни ќе биде обезбедена многу евтина и квалитетна храна. Со проектот планираме околу 10 тони остатоци на храна дневно. Планираме секојдневно да произведуваме 2 тона храна“, изјави Алтај.
Тој нагласи дека наместо употреба на главно увезена храна за животни, производството на храна на домашниот пазар ќе донесе корист и на локалната економија.
„Четиристотини тони храна годишно јадат само животните на улица, кои се наоѓаат во нашето засолниште во општината. Кога нашиот проект ќе биде реализиран, во тој поглед нашата зависност од странство и трошоците ќе бидат намалени.“