Süleyman Elçin
17 Април 2020•Ажурирај: 18 Април 2020
АНТАЛИЈА
- Сулејман ЕЛЧИН
Бурак Сојлу кој во костимот на Спајдермен се појавуваше во најфреквентните улици и паркови на Анталија, овој пат, во знак на морална поддршка оди кај постарите лица во градот, кои не смеат да излегуваат од своите домови, што е дел од превентивните мерки против ширењето на новиот тип коронавирус (Ковид-19).
Сојлу (27) е дете на туристичко семејство, а вниманието врз себе го привлече со неговата љубопитност кон танцот уште од средношколските денови. Сојлу со танцот на ликот од стриповите, Спајдермен, и движењата на вртење наопаку и исфрлање мрежа кои за него не претставуваат проблем, со своите дневни изведби по хотелите заработува за својата егзистенција.
Бурак Сојлу кој во костимот на Спајдермен се шета низ најфреквентните улици на Анталија, изведувајќи мини-претстави, а по земјотресот во Елазиг замина во тоа подрачје и ги анимираше децата погодени од земјотресот, сега го дава својот придонес во рамките на мерките за превенција од Ковид-19. Овој пат Сојлу го облече својот костим за да им даде морална поддршка на постарите лица на возраст над 65 години и на децата кои не смеат да излегуваат на улица во рамките на превентивните мерки од ширење на новиот тип коронавирус.

Сојлу во исто време ги снабдува постарите лица со нивните основни потреби од маркетите и пазарите, шетајќи пред домовите на своите соседи. Во прв момент, постарите лица и трговците остануваат зачудени кога ќе го видат Сојлу во неговиот костим, но потоа му честитаат и му се заблагодаруваат за неговата услужливост и великодушност.
- „Мојата супемоќ е да правам добрина“
Сојлу за АА изјави дека многу го сака јунакот од стриповите, Спајдермен, и истакна дека целиот свој живот го обликувал според него.
Тој рече дека со класичен автомобил од 1964 година на кој пишува „Спајдермен“, или пак со мотоциклот се движи по улиците и на луѓето им дели љубов, додавајќи дека е исполнет правејќи ги луѓето среќни.

Поради пандемијата на Ковид-19 Сојлу се откажал од своите мини-претстави по парковите и улиците. Истакна дека не сака залудно да седи дома, па решил да продолжи да прави добри дела и за таа цел ги посетува постарите лица и децата.
Наведувајќи дека е соучесник во среќата на луѓето, Сојлу изјави: „Мојата супермоќ е правење добри дела. Затоа ги задоволувам потребите на луѓето. Како Спајдермен, пријателот од соседството, секогаш сум подготвен да помогнам.“
- „Го сакаме Спајдермен“
Осумдесетгодишната Шукрије Балџи верува дека благодарение на државните превентивни мерки за кусо време ќе се спасат од пандемијата.
Балџи велејќи дека речиси 1,5 месец не го напуштаат својот дом, за АА изјави: „И денеска лебот и млекото ни го донесе „Спајдермен“, нека ни е здрав и жив. Го сакаме „Спајдермен“. За да се спасиме од оваа болест секој треба да остане во сопствените домови, како што тоа го правиме ние. Државата прави сѐ што е во нејзина моќ. Господ нека им даде моќ и сила на здравствените работници. Деноноќно работат. Секој покажува пожртвуваност, затоа и сите останати треба да го извршат својот дел од должноста.“

Исмаил Балџи (81), истакнувајќи го своето убедување дека овие проблематични денови ќе бидат надминати во најкус временски период, рече „Многу се зачудивме кога го видовме „Спајдермен“. Му се заблагодаруваме. Изгледа дека е многу добар човек.“
Музафер Чакир (70) изјави дека не го напушта својот дом, додавајќи дека неговите деца живеат во Баликесири Дијарбакир. Истакнувајќи дека соседите ги задоволуваат неговите основни потреби, Чакир рече: „И денеска „Спајдермен“ пристигна на нашиот повик за помош и ги задоволи нашите потреби. Нека е жив и здрав.“