İsmet Karakaş
01 Септември 2021•Ажурирај: 02 Септември 2021
АНКАРА (АА) - Министерството за национална на Турција соопшти дека се неутрализирани 4 терористи на ПКК/ЈПГ што се обиделе да изведат напад во подрачјето на операцијата „Извор на мирот“ во северна Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението што турското Министерство за одбрана го објави на социјалните медиуми се наведува дека нема да се дозволи терористичката организација ПКК/ЈПГ да ги наруши мирот и безбедноста во подрачјето на „Извор на мирот“.
„Нашите командоси, кои ги преземаат сите мерки на претпазливост во регионот, спречија нов обид за напад и неутрализираа 4 терористи на ПКК/ЈПГ“, се додава во соопштението.
Турските сили во текот на изминатите четири години изведоа неколку успешни антитерористички операции во северна Сирија, по должината на сириско-турската граница: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.