Ahmet Sertan Usul
06 Декември 2021•Ажурирај: 07 Декември 2021
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека неутрализирани се 4 терористи на ПКК/ЈПГ кои отвориле оган и се обиделе да се инфилтрираат во регионот на операцијата „Извор на мирот“ во северна Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението дадено од Министерството се вели:
„Нашите командоси херои неутрализираа 4 терористи на ПКК/ЈПГ кои отворија вознемирувачки оган и се обидоа да се инфилтрираат во регионот на ‘Извор на мирот‘ со цел да ја нарушат атмосферата на мир и доверба.“
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.
Во 2016 година Турција започна неколку успешни антитерористички прекугранични операции во Сирија со цел да спречи формирање терористички коридор и за осигурување безбедна средина за враќање на раселените лица. Станува збор за операциите „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).