Barış Gündoğan
11 Март 2020•Ажурирај: 12 Март 2020
АНКАРА (АА) – Во воздушната операција на турските вооружени сили (ТСК) во регионот Хакурк во северен Ирак неутрализирани се 4 терористи на ПКК, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за национална одбрана на Турција, објавена на Твитер се наведува дека 4 членови на терористичко сепаратистичката организација ПКК се идентификувани во регионот на Хакурк и истите се неутрализирани со воздушна операција.
Исто така во соопштението се потенцира дека операциите одлучно ќе продолжат.
ПКК е сепаратистичка организација којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Европската Унија (ЕУ) и Соединетите Американски Држави (САД). За време на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.