Zafer Fatih Beyaz
04 Април 2020•Ажурирај: 05 Април 2020
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека во операцијата на единицата Командоси неутрализирани се 24 терористи на ЈПГ/ПКК кои се обиделе да се инфилтрираат во регионот на операцијата „Извор на мирот“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Нашата херојска единица Командоси го спречи обидот на терористите на ЈПГ/ПКК да се инфилтрираат во регионот на операцијата „Извор на мирот“ со цел да го нарушат мирот и довербата во регионот“, се вели во соопштението.
Се додава дека со успешната операција неутрализирани се 24 терористи на ЈПГ/ПКК пред тие да ги постигнат своите цели.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и Европската Унија, одговорна е за смртта на 40.000 луѓе, меѓу кои има и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.
Од 2016 година, Турција започна три успешни прекугранични антитерористички операции, во северна Сирија, за да спречи формирање на терористички коридор: операцијата „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (октомври 2019 година).