Турција

„Турција во услови на тековната пандемија произведува 1 милион маски неделно“

Во Турција се регистрирани 20.921 случај на коронавирусот, а бројот на починати достигна 425. Вкупно 484 лица целосно се излекувани

Davut Demircan  | 04.04.2020 - Обновена : 05.04.2020
„Турција во услови на тековната пандемија произведува 1 милион маски неделно“

АНКАРА (АА) - Турција неделно произведува 1 милион заштитни маски, 5.000 медицински комбинезони и 5.000 литри средства за дезинфекција на база на алкохол, изјави турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, јавува Агенција Анадолија (АА).

Акар денеска одржа видеоконференциски состанок со главните команданти на вооружените сили во врска со превентивните мерки против ширењето на коронавирусот.

„Ние ги мобилизиравме сите фронтови на Министерството за да победиме во борбата предводена од претседателот Реџеп Таип Ердоган“, рече Акар.

Тој додаде дека од 1 март од странство дошле 650 вработени и тие биле ставени во карантин. Од нив, 84 остануваат под опсервација.

Акар потсети дека Турција испрати медицинска помош во Италија и Шпанија, најтешко погодените земји од коронавирусот во Европа.

Во Турција се регистрирани 20.921 случај на коронавирусот, а бројот на починати достигна 425. Вкупно 484 лица целосно се излекувани.

Од појавувањето во кинескиот град Вухан, минатиот декември, новиот вид коронавирус, Ковид-19, се рашири во речиси 200 земји и региони.

Податоците на американскиот Универзитетот „Џонс Хопкинс“ покажуваат дека во светот досега се заразени над 1,1 милион луѓе, со над 60.000 смртни случаи. Повеќе од 238.000 луѓе се излекувани.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.