Ferdi Türkten
27 Декември 2020•Ажурирај: 29 Декември 2020
АНКАРА
Турските безбедносни сили неутрализираа 15 терористи на ПКК/ЈПГ во подрачјето на операцијата „Извор на мирот“, во северниот дел на Сирија, известува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на турското Министерство за одбрана се наведува дека ѝ е зададен уште еден тежок удар на терористичката организација ПКК/ЈПГ.
„Во успешна интервенција турските командоси неутрализираа 15 терористи на ПКК/ЈПГ, кои се обидувале да навлезат во јужниот дел на подрачјето од ‘Извор на мирот’. Им честитаме на нашите храбри командоси“, се вели во соопштението на турското Министерство за одбрана.