Турција

Турските сили неутрализираа 12 терористи на ПКК/ЈПГ во северниот дел на Сирија

- Министерството за одбрана на Турција објави дека се неутрализирани терористи на ПКК/ЈПГ кои пукале кон зоната на операцијата „Маслинова гранка“ и „Штитот на Еуфрат“

Mümin Altaş  | 22.05.2022 - Обновена : 23.05.2022
Турските сили неутрализираа 12 терористи на ПКК/ЈПГ во северниот дел на Сирија

АНКАРА (АА) - Безбедносните сили на Република Турција неутрализираа 12 терористи на ЈПГ/ПКК во северна Сирија, објави Министерството за национална одбрана на Турција, известува Агенција Анадолија (АА).

Министерството за одбрана на Турција објави дека се неутрализирани терористи на ПКК/ЈПГ кои пукале кон зоната на операцијата „Маслинова гранка“ и „Штитот на Еуфрат“.

„Нашата борба против терористите продолжува одлучно и ефикасно“, се наведува во соопштението на турското Министерство.

Од 2016 година досега, Анкара започна три успешни антитерористички операции преку својата граница во северна Сирија, „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019), со цел да спречи формирање терористички коридор и да се овозможи мирно враќање на раселените Сиријци.

Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата на терористички организации на Турција, САД и Европската Унија, одговорна е за смртта на најмалку 40.000 луѓе, вклучувајќи деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın