Seyit Ahmet Aytaç
18 Април 2018•Ажурирај: 19 Април 2018
АНКАРА (АА) - Најмалку петмина терористи на ПКК се неутрализирани во воздушните напади кои турските сили рано утринава ги извршија во северниот дел на Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на Турската војска соопшти дека турските бомбардери утринава извршиле напади на новоооткриени засолништа на терористичката огранизација ПКК во северноирачкиот регион Зап.
Во соопштението се наведува дека во нападите се уништени три мети и притоа се неутрализирани најмалку петмина терористи.
Планините Кандил, Гара, Метина и Зап се наоѓаат во северниот дел на Ирак, по должината на ирачко-турската граница. Станува збор за подрачје кое се смета за колевка на терористичкото движење ПКК.
Турските сили спроведуваат опсежна борба против терористите на ПКК во Турција и во северниот дел на Сирија и Ирак.
Воените операции во пограничните региони на Ирак и Сирија се базираат на правата на Турција, засновани на меѓународното право за самоодбрана и резолуциите на ОН кои се однесуваат на борбата против тероризмот.
Операциите се спроведуваат со почитување на територијалниот интегритет на соседните земји и со цел неутрализација на терористичките закани.