Merve Berker
13 Ноември 2023•Ажурирај: 14 Ноември 2023
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили неутрализираа шестмина терористи на ПКК во Северен Ирак, соопшти Министерството за национална одбрана, јавува Анадолу.
Терористите беа неутрализирани во регионот Хакурк со воздушна операција, се вели во соопштението на Министерството.
ПКК е сепаратистичка организација што се наоѓа на листата на терористички организации во Туркије, Европската Унија и во САД.
Во текот на повеќедецениската кампања против Туркије, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе, вклучително жени, деца и новороденчиња.