Sorwar Alam
15 Декември 2016•Ажурирај: 15 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Турската армија денес соопшти дека турските воени авиони неутрализираа 20 терористи на ДЕАШ и уништија десетици позиции на терористите во северна Сирија како дел од операцијата „Штитот на Еуфрат“, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во воздушната операција, турските воени авиони уништија 59 цели“, соопштија турските вооружени сили.
„Погодени се засолништа, одбранбени позиции и командни и контролни објекти“, се додава во соопштението.
Осум позиции во регионите Ал Баб и Суфранија беа погодени од страна на турските воени авиони.
Операцијата денес влегува во 114. ден, а таа започна кон крајот на август, со цел да се подобри безбедноста, да се поддржат коалициските сили и да се елиминира терористичката закана долж турската граница. Во операцијата учествуваат борците на Слободната сириска армија, поддржани од турската артирелија и авиони.
Досега се расчистени над 215 населени облести, вклучувајќи над 1.800 кватратни километри во северна Сирија од терористите на ДЕАШ.