Kemal Karadağ
15 Декември 2016•Ажурирај: 16 Декември 2016
АНКАРА (АА) – Во рамките на истрагата за терористичката организација ФЕТО, по обидот за државен удар притворени се 40.832 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите на АА, по обидот на ФЕТО за државен удар од 15. јули, во рамките на истрагата што ја започна јавното обвинителство, во рок од 5 месеци се процесуирани 101.799 сомнителни лица.
По истрагата, од приведените беа уапсени и затворени 40.832 лица. Меѓу уапсените има 2.279 судии и обвинители, 104 врховни судии, 41 државен советник, двајца членови на Уставниот суд, тројца судии, тројца членови на Врховниот совет на судии и јавни обвинители, 6.341 војници, од кои 168 генерали, 7.596 полицајци, 17 гувернери, 74 помошници гувернери и 69 управители на околија.
За 34.907 приведени лица беше донесена одлука за судска контрола. По судско процесирање беа ослободени 9.795 лица.
- Одлука за приведување на 5.139 лица -
Во рамките на истрагата за ФЕТО, и покрај тоа што за 3.512 осомничени лица имаше одлука за притвор, по оценувањето на приложените докази, тие се пуштени на слобода.
Меѓу ослободените има 1.035 војници, 520 полицајци, четворица вицегувернери, еден гувернер, двајца управители на околија, 144 судии и обвинители, двајца членови на Врховниот совет на судии и јавни обвинители, еден државен советник и 8 членови на Врховниот суд.
Во рамките на овој процес, сѐ уште се трага по 248 судии и обвинители, 6 членови на државниот совет, 25 членови на Врховниот суд, 112 војници, 211 полицајци, еден гувернер, тројца вицегувернери, 10 управители на околија, 4.523 јавни функционери и над 5.139 цивили за кои постои одлука за приведување.