Berk Özkan
30 Октомври 2020•Ажурирај: 31 Октомври 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, ја посети џамијата „Таксим“, која е во процес на изградба, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган напладне од својата резиденција во Кисикли, Ускудар, замина во Бејоглу, каде што продолжува изградбата на џамијата „Таксим“.
При посетата на местото каде што се гради џамијата, Ердоган од одговорните лица за изградба на џамијата доби информации за текот на процесот на градење.