Diyar Güldoğan
02 Ноември 2023•Ажурирај: 02 Ноември 2023
ВАШИНГТОН (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес отпатува за главниот град на Казахстан, Астана, за да присуствува на 10-тиот лидерски самит на Организацијата на туркиски држави (ОТС), јавува Анадолу.
Ердоган утре ќе има обраќање на сесија на самитот на тема „Ера на Туркијците“.
За време на самитот, лидерите ќе разговараат за напорите за понатамошно унапредување на соработката во рамките на организацијата и размена на мислења за актуелните глобални и регионални прашања.
Ердоган на маргините на самитот се очекува да оствари и билатерални средби со лидерите учесници на самитот.
Организацијата на туркиски држави, претходно позната како Туркиски совет, е основана во 2009 година како меѓувладина организација која ги вклучува истакнатите независни туркиски држави кои работат заедно за унапредување на односите и меѓусебното единство.
Нејзини членки се Туркије, Азербејџан, Казахстан, Киргистан и Узбекистан, додека Унгарија, како и Туркменистан и Турската Република Северен Кипар, имаат статус на набљудувачи.