Diyar Güldoğan
21 Декември 2022•Ажурирај: 21 Декември 2022
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во главниот град Анкара го прими претседателот на Сенегал, Меки Сал, јавува Агенција Анадолија (АА).
Двајцата лидери ќе одржат тет-а-тет средба во Претседателскиот комплекс, по што ќе следува заедничка прес-конференција.
Ердоган и Сал ќе разговараат за сите аспекти на односите меѓу Туркије и Сенегал и чекорите за унапредување на соработката меѓу двете земји.
На дневен ред ќе бидат и актуелните регионални и глобални прашања.
Развојот на односите и соработката со африканските земји е еден од темелите на повеќедимензионалната надворешна политика на Анкара.
Отворена во 1962 година, Турската амбасада во главниот град на Сенегал, Дакар, е една од првите дипломатски мисии на Туркије во Африка.