Beyza Binnur Dönmez
02 Септември 2020•Ажурирај: 03 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Турскиот потпретседател Фуат Октај истакна дека укинувањето на американското ембарго за вооружување на грчката администрација на Јужен Кипар е штетно за регионалниот мир и стабилност, јавува Агенција Анадолија (AA).
„Укинувањето на ембаргото го труе регионалниот мир и стабилност“, рече Октај на вебинарот организиран од Фондацијата за политички, економски и социјални студии (СЕТА) во Вашингтон.
САД во вторникот соопштија дека делумно го укинуваат ембаргото за оружје за кипарските Грци. Одлуката доби остра осуда од Турција затоа што ги игнорира рамноправноста и рамнотежата меѓу двата народа на островот.
Во обраќањето Октај се осврна и на поморскиот договор меѓу Турција и Либија, за кој рече дека е црвената линија на Анкара во Источниот Медитеран.
Октај предупреди дека никој не може да го доведе во прашање договорот, а особено не Франција.
Значајниот договор потпишан во ноември минатата година ги утврдува поморските граници меѓу двете земји за воспоставување ексклузивна економска зона.