Sarp Özer
03 Септември 2020•Ажурирај: 04 Септември 2020
ЕСКИШЕХИР
Министерот за одбрана на Република Турција, Хулуси Акар, со специјален лет на северниот дел на Егејскиот Регион ја отвори новата година за обука на пилотите на турските воздушни сили, јавува Агенција Анадолија (АА).
Заедно со министерот Акар беше и командантот на турските воздушни сили, Хасан Кучукакјуз, а за време на формацискиот лет со четири летала го поздравија и Споменикот на шехидите на Чанаккале.
На свеченото отворање на новата школска 2020/2021 година за обука на пилотите на турските воздушни сили присуствуваа и началникот на Генералштабот на турската војска, Јашар Ѓулер, командантот на копнените сили, Умит Дундар и командантот на морнарицата, Аднан Озбал.
За време на програмата министерот Акар ги посети командата и базата на воздушните сили каде што е информиран за активностите.
Министерот Акар потоа седна во едно од четирите борбени летала „Ф-16“ и како член на водечкиот тим на таа формација учествуваше во показниот лет над северниот дел на Егејското Море и над теснецот на Чанаккале.