Ekipa
05 Февруари 2017•Ажурирај: 06 Февруари 2017
ХАТАЈ/АНТАЛИЈА/ЧОРУМ (АА) - Во акциите против терористичката организација ДЕАШ во Турција се приведени најмалку 326 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Акциите се организирани во областите Мугла, Анталија, Ван, Дијабакир, Чорум, Хатај, Малатја, Шанлифура, Коња, Адана, Измир, Елазиг, Бинеѓол, Адијаман и Килис.
Меѓу приведените се наоѓаат најмалку 34 странци, од кои 17 државјани на Ирак и 13 државјани на Сирија.
Во акцијата во Мугла приведени се тројца Сиријци поради сомнение дека припаѓаат на терористичката организација ДЕАШ. Во Анталија се приведени десет државјани на Сирија поради сомнение дека се во контакт со борците на сириското боиште.
На девет адреси во Ван се приведени осум лица, а по едно се трага, додека во Дијарбакир се приведени четири лица.
Во Чорум се приведени 17 државјани на Ирак поради сомнение дека се членови на терористичката организација, а за време на претресот запленети се и одреден број на предмети.
Припадниците на безбендоснисте сили во рамките на антитерористичките акции во Хатај приведоа 38 лица.
Четири странци се приведени во Килис, а двајца во Малатија.
Акцијата против споменатата организација е организирана и во Шанлифура, а приведени се 100 лица. На 51 адреса во Газиантеп приведени се 47 лица, а десет помалку во Коња.
Освен тоа, во Измир се приведени девет, а во Бинѓол десет лица. Во Елазиг се приведени 12 и во Адана 25 лица.