Mümin Altaş
06 Февруари 2017•Ажурирај: 07 Февруари 2017
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили (ТСК) во 167. ден од офанзивата „Штитот на Еуфрат“ во северниот дел на Сирија бомбардираа 256 упоришта на терористичката организација ДЕАШ, а во текот на денот во судирите и акциите неутрализирани се 13 терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
Офанзивата започната на 24 август минатата година со цел зголемување на безбедноста на турско-сириската граница и отстранување на опасноста од ДЕАШ, и понатаму трае.
Уништени се одредени засолништа и одбранбени позиции на терористичката организација.
Авиони на воздухопловните сили на Турција на подрачјето на Ал Баб и Бзагах уништија 59 засолништа, четири штаба и две контролни точки.
Освен тоа, во воздушните акции и судири ранети се осуммина припадници на терористичката организација. Од почетокот на офанзивата до денес уништени се 3.704 импровизирани експлозивни направи и 57 мини.