Ekipa
05 Февруари 2017•Ажурирај: 06 Февруари 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Премиерот на Република Турција, Бинали Јилдирим, во Истанбул изјави дека народот на Турција на референдумот во април ќе им одржи лекција на оние што го поддржуваат сепаратизмот и терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Според неговите зборови неодамна во речиси цела Турција, не само во одредени градови од земјата, се покренати станбени проекти.
„Со овие големи проекти ја градиме не само денешницата, туку и иднината”, истакна Јилдирим.
Тој истакна дека кога станува збор за уставните измени, зборот му припаѓа на народот, и појасни зошто сакаат на референдумот народот да каже „да”.
„Зошто велиме 'да'? Затоа што ПКК вели 'не', затоа ние велиме 'да'. Затоа што ФЕТО вели 'не', ние велиме 'да'. Затоа што ХДП вели 'не', ние велиме 'да'” , појасни Јилдирим.
Тој го повика народот да обрне внимание кој заговара 'не' за уставните промени и според тоа да донесе одлука.
„На оние кои велат 'да' за сепаратизмот, на оние кои велат 'да' за ФЕТО, народот во април на референдумот ќе им одржи лекција” , порача Јилдирим.