Nazlı Yüzbaşıoğlu,Behlül Çetinkaya
12 Октомври 2021•Ажурирај: 13 Октомври 2021
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, навести дека заедно со група колеги од пријателските земји ќе го посети главниот град на Авганистан, Кабул, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Ние внимателно ја следиме ситуацијата во Авганистан. Планираме да одиме во Кабул со некои други министри за надворешни работи во наредниот период“, рече Чавушоглу на заедничката прес-конференција со индонезиската министерка за надворешни работи Ретно Марсуди.
Чавушоглу истакна дека разговарале за тоа со Марсуди за време на нивната средба во Њујорк.
„На другите колеги исто така им се допадна идејата“, изјави Чавушоглу и додаде: „Ќе го планираме ова во текот на претстојните денови“.
Чавушоглу ги даде овие изјави во момент кога Авганистан се соочува со економска криза по преземањето на талибанците што влијае на половина од населението во земјата, односно на околу 18 милиони луѓе.