Deniz Çiçek Palabıyık
22 Март 2021•Ажурирај: 23 Март 2021
АНКАРА
Министерот за финансии и трезор на Република Турција, Лутфи Елван, порача дека неговата земја нема да направи ни најмали отстапувања од механизмот на слободниот пазар, велејќи дека спроведувањето на либералниот девизен режим ќе биде одлучно продолжено, јавува Агенција Анадолија (АА).
Елван во писменото соопштение нагласи дека финансиската стабилност и стабилноста на цените се предуслови за макроекономската стабилност.
„Турција ќе ја одржува актуелната макрополитичка рамка со приоритет на намалување на инфлацијата сè до конечно трајниот пад на инфлацијата. Ќе продолжиме да ја спроведуваме фискалната политика за да ја поддржиме стабилноста на цените на начин кој ја надополнува монетарната политика“, појасни Елван и истакна дека без стабилноста на тие подрачја нема да биде возможно да се постигне силен, квалитетен и одржлив раст.
Тој укажа и на значењето на ефикасното и здраво функционирање на пазарот.
„Турција нема да направи ни најмали отстапувања од механизмот на слободниот пазар. Спроведувањето на либералниот девизен режим ќе биде одлучно продолжено. Чекорите во пакетот економски реформи додатно ги зајакнуваат структурните темели и отпорот наспроти ризикот“, заклучи Елван.