Sarp Özer
27 Септември 2020•Ажурирај: 27 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Министерот за национална одбрана на Турција, Хулуси Акар, истакна дека Турција до крај, со сите средства, ќе застане покрај Азербејџан во неговата борба за заштита на територијалниот интегритет, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за национална одбрана, министерот Акар се осврна на нападите на ерменските сили насочени кон цивилните населби во Азербејџан.
„Окупаторска Ерменија го прекрши примирјето и го нападна Азербејџан и покажа дека сака провокации“, рече Акар.
„Најголемата пречка за мирот и стабилноста на Кавказ е агресивниот став на Ерменија и таа агресија што ќе го фрли регионот во оган мора веднаш да престане. Ние ќе застанеме покрај нашите браќа Азербејџанци со сите наши средства во борбата за заштита на територијалниот интегритет. Силно го осудуваме овој низок напад на Ерменија“, нагласи министерот Акар.