Турција

Ердоган: „Турскиот народ со сите своите можности стои до своите азербејџански браќа“

„Ерменија, која повторно изврши напад врз Азербејџан, уште еднаш покажа дека е најголемата закана за мирот и спокојството во регионот...“

Andaç Hongur  | 27.09.2020 - Обновена : 28.09.2020
Ердоган: „Турскиот народ со сите своите можности стои до своите азербејџански браќа“

ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека турскиот народ со сите свои можности стои до своите азербејџански браќа, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Ердоган на Твитер реагираше против нападот на Ерменија врз Азербејџан.

„Ерменија, која повторно изврши напад врз Азербејџан, уште еднаш покажа дека е најголемата закана за мирот и спокојството во регионот. Турскиот народ, како секогаш, и сега со сите свои можности стои до своите азербејџански браќа“, напиша Ердоган.

Тој нагласи дека меѓународната заедница, која не покажува потребна и доволна реакција против агресијата на Ерменија, уште еднаш ги покажала своите двојни стандарди.

Ердоган го повика ерменскиот народ да ја заштити својата иднина, против администрацијата што го влече во катастрофа и го користи како кукла.

„Упатуваме апел до целиот свет да застане покрај Азербејџан во борбата што ја води против окупацијата и суровоста“, рече Ердоган.

Турскиот претседател потсети дека денес остварил телефонски разговор со претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев, за кого рече дека има одлучен и мудар став.

„Со разбирањето 'еден народ, две држави', Турција ќе ја зајакне и продолжи солидарноста со своите азербејџански браќа“, додаде претседателот Ердоган.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.