Турција

Турскиот министер Акар имаше телефонски разговор со министерот за одбрана на Азербејџан

„Ние ќе застанеме покрај нашите браќа Азербејџанци со сите наши средства во борбата за заштита на територијалниот интегритет“

Sarp Özer  | 27.09.2020 - Обновена : 28.09.2020
Турскиот министер Акар имаше телефонски разговор со министерот за одбрана на Азербејџан

АНКАРА (АА) - Министерот за национална одбрана на Турција, Хулуси Акар, во телефонски разговор со министерот за одбрана на Азербејџан, генерал Закир Хасанов, се здоби со информации за најновата ситуација на теренот по нападот на Ерменија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Министерството за национална одбрана соопшти дека Акар имал телефонски разговор со азербејџанскиот министер за одбрана Хасанов.

Осудувајќи ги нападите врз цивилните населби, министерот Хулуси Акар рече дека Турција секогаш ќе биде покрај браќата Азербејџанци.

Акар, посакувајќи милост од Бога за починатите и побрзо оздравување на повредените, рече: „Ние ќе застанеме покрај нашите браќа Азербејџанци со сите наши средства во борбата за заштита на територијалниот интегритет.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.