Турција

Турскиот заменик претседател Октај: Ерусалим е главен град на Палестина

„Ваков закон не е прифатлив од страна на Република Турција. Кудс (Ерусалим) е главен град на Израел, и ќе продолжи да остане така“

Enes Kaplan  | 20.07.2018 - Обновена : 20.07.2018
Турскиот заменик претседател Октај: Ерусалим е главен град на Палестина

Ankara

АНКАРА (АА) - Заменик претседателот на Република Турција, Фуат Октај, во врска со усвоениот Закон за „еврејска држава-нација“, истакна дека Турција не го прифаќа овој закон, и дека Ерусалим (Кудс) е главен град на Палестина, и ќе продолжи да биде така, пренесува Anadolu Agency (AA).

Октај во објава на својот Твитер профил го критикуваше овој закон којшто денес беше усвоен во израелскиот Парламент (Кнесет).

„Израелскиот Парламент, кој ги негира основните права и слободи, ги наруши принципите на глобалното право под името 'Закон за еврејска држава-нација'. Ваков закон не е прифатлив од страна на Република Турција. Кудс е главен град на Израел, и ќе продолжи да остане така“, напиша Октај, заменик претседателoт на Турција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın