Mehmet Tosun
04 Октомври 2023•Ажурирај: 05 Октомври 2023
АНКАРА (АА) – Турската национална разузнавачка служба (МИТ) неутрализира припадник на терористичката организација ПКК во Сирија, кој беше еден од планерите на минатогодишниот напад на улицата Истиклал во Истанбул, соопштија безбедносни извори, пренесува Анадолу.
Набо Келе Хајри, со кодно име Мазлум Африн, беше цел во сириската покраина Ал Хасека, изјавија изворите што сакаа да останат анонимни.
Терористичката организација го изврши нападот во Истанбул на 13 ноември 2022 година во кој загинаа шест лица, а 81 беа повредени.
Потврдено е дека неутрализираниот терорист е дел од таканаречената разузнавачка структура од 14 лица, формирана од ПКК и нејзините ограноци, како што е ЈПГ, во мај 2022 година, за извршување акции против Туркије.
Хајри бил вклучен во планирање напади и акти на саботажа против Турските безбедносни единици и Сириската национална војска во Сирија, а исто така е идентификуван како главен планер на бомбашкиот напад во зоната на операцијата „Извор на мирот“ во 2021 година.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца. ЈПГ е нејзин сириски огранок.