Esra Tekin
13 Декември 2023•Ажурирај: 15 Декември 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Турската полиција фати финансиер на дрога и водач на организиран криминал, кој се бараше со црвена потерница на Интерпол, пренесува Анадолу.
Оваа информација преку соопштение објавено на платформата X ја потврди министерот за внатрешни работи на Туркије, Али Јерликаја.
Тој нагласи дека Мухуанад Алоклах, странски државјанин, беше фатен во населбата Есенлер во Истанбул во операцијата „Кафез-19“, благодарение на заедничките напори на разни полициски оддели.
„Би сакал нашиот народ да знае дека цврство ќе продолжи нашата решителност да се бориме против шверцерите на дрога, терористичките групи, шверцерите на мигранти и организираните криминални групи, кои се обидуваат да ја отрујат нашата иднина“, рече Јерликаја.