Ahmet Akbıyık
12 Јули 2017•Ажурирај: 12 Јули 2017
КОЊА (АА) - Најмалку петмина припадници на терористичката организација ДЕАШ се неутрализирани во антитерористичка операција која рано утринава ја спроведе турската полиција во Коња, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименуван полициски извор за АА изјави дека антитерористичката операција е покрената врз основа на разузнавачки сознанија за активностите на ќелијата на терористичката група ДЕАШ во подрачјето Мерем, Коња.
Полицијата изврши претрес на еден објект во Мерем при што дојде до оружен судир со припадниците на ДЕАШ.
Најмалку петмина терористи се неутрализирани, а полесно се повредени четворица полицајци.
Од канцеларијата на гувернерот на Коња е соопштено дека сообраќајот во центарот на Мерем е блокиран, и дека полициската акција и понатаму трае.
Во соопштението се наведува дека антитерористичката операција е покрената поради апсење на лицето A. Ј. кое турските органи на прогонот го бараат поради сомнение дека ги води активностите на терористичката организација ДЕАШ. Токму на име на тоа лице бил изнајмен и објектот, цел на вчерашните полициски операции.