Ahmet Pesen
25 Септември 2016•Ажурирај: 26 Септември 2016
БАЛИКЕСИР (АА) - Турската крајбрежна стража во западната покраина Баликесир, приведе 134 мигранти кои се обиделе нелегално по морски пат да заминат во Италија, јавува Anadolu Agency (AA).
Мигрантите, меѓу кои повеќето жени и деца, од четири минибуси од Истанбул се префрлени во крајбрежниот град Дутлимани, од каде со јахтата запловиле кон Италија.
Станува збор за мигранти со потекло од Пакистан, Шри Ланка, Ирак, Сирија и Авганистан. По добивањето на медицински третман на брегот, мигрантите биле предадени на надлежните служби за понатамошно испитување.
Вниманието на јавноста го привлече фактот што мигрантите се фатени на јахтата “President“, која некогаш ја користеше поранешната турска премиерка Тансу Чилер и нејзиното семејство. Истрагата за случајот е во тек.