Faruk Zorlu
22 Јули 2020•Ажурирај: 22 Јули 2020
ИЗМИР
Припадниците на турската крајбрежна стража спасија 36 мигранти кои побараа помош во Егејското Море, но беа вратени од Грчката крајбрежна стража во турските територијални води, јавува Агенција Анадолија (АА).
„По добиена дојава дека голем број мигранти се наоѓале во чамец покрај брегот на Дикили во Измир, турската крајбрежна стража покрена операција на пребарување и спасување", велат извори, кои зборуваа под услов да останат анонимни.
По рутинските прегледи, мигрантите се упатени во одделот за миграции.
Турската крајбрежна стража исто така спаси 31 мигрант кои тргнаа од брегот на Ајвачик во Чанаккале, северозападна Турција, со цел да пристигнат на грчкиот остров Лезбос.
Мигрантите кои беа спасени од Игдели Бурну, беа упатени во полициската станица Ајваџик.
Исто така, во северозападната турска област Баликесир се пронајдени 43 нерегуларни мигранти во крајбрежниот град Ајвалик.
Турција е клучна транзитна рута за мигрантите кои сакаат да стигнат во Европа за да започнат нов живот, особено оние што бегаат од војна и прогон.
Земјата претходно оваа година ги отвори границите за нелегалните мигранти кои сакаат да преминат во Европа, обвинувајќи ја ЕУ дека не ги исполнила своите ветувања според договорот за мигранти од 2016 година.
Во моментов во Турција се згрижени речиси 4 милиони Сиријци, што ја прави земја домаќин на најголем број бегалци во светот.