Aybüke İnal,Barış Kılıç
22 Јули 2020•Ажурирај: 22 Јули 2020
АНКАРА
Во рамките на истрагата на Републичко јавно обвинителство од Анкара за терористичката организација ФЕТО инфилтрирани во Командата на копнените сили донесена е одлука за приведување на 25 подофицери, од кои 19 се во активна служба, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштиеното на Јавното обвинителство се вели дека Бирото за истражување на терористички злосторства открило дека 19 осомничени кои се во активна служба на составот на Командата на копнените сили, преку системот на периодични и секвенцијални повици кој го користат членовите на ФЕТО, комуницирале од јавни говорници или телефони во локали.
Во соопштението се наведува дека меѓу лицата кои комуницирале на овој начин се наоѓаат и едно лице суспендирано од работа, четири пензионирани и едно лице кое поднело оставка. Во операцијата водена од Анкара, спроведени се акции во 13 области во Турција, приведувајќи 12 лица, додека во тек се активности за откривање на останатите осомничени по кои е издадена одлука за приведување.